Глупаво прашање ја расипа церемонијата за историската носителка на Златната топка

Норвежанката Ада Хегерберг е првата добитничка на престижната награда на „Франс фудбал“ и таа е првата дама во фудбалот што ја доби Златната топка, но едно глупаво прашање и го расипа моментот.

„Дали знаеш да тверкаш?“, ја праша водителот и диџеј Мартин Солвеиг, а збунетата Ада кусо одговори „не“ и си замина од сцената.

Реакциите на социјалните мрежи се исклучително негативни на односот на Солвеиг, кој се занесе и комплетно им го расипа славеничкиот момент на фудбалерката на Лион и на норвешката репрезентација.

„Малку е да се каже дека сум бесен. Кој му дозволи на Солвеиг воопшто да учествува на ваква сериозна манифестација“, е еден од коментарите на социјалните мрежи.

„Франс фудбал“ вчера за првпат ја доделуваше и наградата Златна топка на најдобрата фудбалерка, но првенчето мина во сенка на глупавиот гест на Мартин Солвеиг.

- Оглас -

Најнови вести