Гнабри најави потоп на Тотенхем, Икарди го дочека првенецот за ПСЖ (видео)

Баерн Минхен не можеше да посака подобар старт на второто полувреме на гостувањето кај Тотенхем. Благодарение на двојниот стрелец Серж Гнабри, Баварците за две минути дојдоа до убедливи 4-1, по што се најави дебаклот на Петлите.

Гнабри од слична позиција ги постигна двата гола во 53-тата и 55-тата минута, додека домаќините преку Кејн намалија на 4-2 со неговиот прецизен удар од пенал во 61-вата минута.

https://twitter.com/DONSPORTS2/status/1179126947961540608

https://twitter.com/DONSPORTS2/status/1179127504642203649

ПСЖ води на гостувањето кај Галатасарај благодарение на првенецот на Мауро Икарди во 52-рата минута. За Икарди ова е прв гол воопшто во дресот на Светците, а не можеше да го постигне на полесен начин. Сарабија го проигра Аргентинецот во шестнаесетникот, а овој само ја усмери топката во голот на турскиот гигант.

https://twitter.com/KramponGoal/status/1179126443114192898

Атлетико Мадрид води со сигурни 2-0 на гостувањето кај Локомотив во Москва со погодоците на Жоао Феликс во 48-мата и Томас во 58-мата минута. Бернардески зголеми на 2-0 во корист на Јувентус против Леверкузен, додека Црвена ѕвезда дојде до израмнување од 1-1 против Олимпијакос преку Вулиќ во 63-тата минута.

https://twitter.com/DONSPORTS2/status/1179126099441258497

- Оглас -

Најнови вести