Гнабри: Се уште „прогонува“ поразот од Македонија

Истовремено додека траеше нашиот прес, селекторот на Германија ханси Флик имаше свое обраќање пред јавноста за утрешниот натпревар против Македонија.

Предводникот на „панцерите“ е свесен за квалитетот на нашата држава, а вест за него е што во тимот ќе бидат и Мануел Нојер и Антонио Рудигер.

„И двајцата играчи се максимално подготвени за утрешниот натпревар и ќе бидат во тимот. Македонија е незгоден противник и тоа го видовме во март. Играат одлично, но, ние сме тие што ќе се прашуваме на оваа средба.

Мораме да го дадеме максимумот, играат технички одличен фудбал, но се ќе зависи од нас“ изјави Флик.

Серж Гнабри, пак, уште го „пече“ мартовскиот пораз.

„Се уште ми е криво и ме прогонува фактот што ја загубивме таа средба, но, ова е нов натпревар и нова шанса за да возвратиме за поразот од март“ краток беше Гнабри во пресрет за утрешниот натпревар.

Германците кон Скопје ќе се упатат попладнево во 16 часот, а на утрешната средба ќе играат без одржан тренинг на арената „Тодор Проевски“.

- Оглас -

Најнови вести