Гнасното скандирањето на навивачите на Партизан расплакаа едно дете (Фото)

По повеќе од два часа како е започнат дуелот меѓу Црвена ѕвезда и Партизан во полуфиналето на Купот, а крајот не се гледа, затоа што средбата е прекината на седум минути до крајот на последната четвртина. Поради непримерното однесување на навивачите на трибините, судиите решија да се повлечат од паркетот и засега не се знае кога ќе продолжи.

Кога играат вечните ривали во Србија, прекините не се нешто непознато, но овојпат имаше еден момент кој посебно е за одбележување. На самиот старт од дуелот, навивачите на Партизан започнаа да скандираат „Човичу умри“ што беше наменето за претседателот на Црвена ѕвезда, Небојша Човиќ.

На трибините во салата беше синот на Небојша, Филип Човиќ кој е поранешен играч на Црвена ѕвезда. Филип беше во друштво на својот син, односно внукот на Небојша Човиќ. Филип се обидуваше со рацете да му ги покрие ушите за детето да не ги слуша грозните скандирања од трибините, но малото дете слушна што викаат и толку многу се вознемири, па во еден момент заплака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bad Bunny Basket (@badbunnybasket)

- Оглас -

Најнови вести