Гневните навивачи на Хајдук ја пробија оградата и тргнаа кон Бед блу бојси, а фудбалерите избегаа од теренот (Видео)

Динамо Загреб се пласира во финалето на Купот на Хрватска откако со 1:0 по вторпат само за четири дена го победи Хајдук, и тоа во Сплит, а по мечот гневните навивачи на Билите, популарната Торцида влета на теренот, но полицијата успеа да спречи голем инцидент.

Имено, домашните фанови успеаја да ја пробијат оградата на „Пољуд“ и во голем број влетаа на теренот и тргнаа кон трибината на која беа гостинските фанови, популарните Бед блу бојси. Фудбалерите на двата тима кога видоа дека навивачите ја пробија оградата, избегаа од теренот и се повлекоа во соблекувалните.

 

Сепак, полицијата успеа да спречи поголеми инциденти, тие успеаја да ги опкружат домашните фанови и да ги натераат да се повлечат кон својата трибина.

- Оглас -

Најнови вести