Го бараа многу големи клубови, а заврши во Барнли, таму не го условуваа да биде вакциниран

Најнеобичната приказна во јануарскиот преоден рок ја има холандскиот напаѓач Ваут Вегхорст, кој денеска од Волфсбург се пресели во премиерлигашот Барнли.

Трансферот на Вегхорст е вреден околу 15 милиони евра, во договорот има и евентуални бонуси, а договорот е до 2025 година. Барнли игра цврст фудбал и тоа му одговара на силниот Вегхорст, кој треба да им помогне да се спасат од испаѓање.

Но, интересно е што овој трансфер беше и изнуден. Интерес за Холанѓанецот имаше од многу клубови од Англија, Италија и Шпанија, но тие како услов од него бараа да се вакцинира против корона-вирусот.

Вегхорст во октомври прележа ковид-19, па го избрал Барнли затоа што таму не му барале да биде вакциниран. Тој мораше да си замине од Волфсбург бидејќи според правилата, како невакциниран немаше да може да биде во ист хотел со соиграчите.

- Оглас -

Најнови вести