Го бива и за хокеј: Чех со победничка одбрана дебитираше во спортот на мраз (видео)

Петр Чех за брзо стана херој на англискиот хокеарски второлигаш Глифорд феникс. Легендарниот голман вечерва дебитираше во спортот на мраз со победничка одбрана во пенал-рулетот против Свиндон вајлдкетс.

Резултатот по три третини гласеше 2-2, а Чех успеа да запише две одбрани, одбрани во првата серија за да ѝ донесе предност на екипата, а потоа одлично интеревенираше за победа во својот прв официјален хокеарски натпревар.

- Оглас -

Најнови вести