Го дочекаа со зурли и тапани, изедоа и ќотек од полиција, а сега им побегна кај градскиот ривал (Видео)

Арда Туран ќе се врати во Галатасарај, клубот во кој ја почна професионалната кариера, а интересно е што доаѓа од редовите на ривалот за титулата Башакшехир.

Пред две години репрезентативецот на Турција со 100 настапи во дресот со национални симболи беше дочекан на спектакуларен начин од навивачите на Башакшехир при доаѓањето како позајмен играч на Барселона.

Но, од очекувањата дека ќе добијат големо засилување, немаше ништо бидејќи Туран беше поактивен надвор од терените отколку како фудбалер што требаше да му помогне на новиот клуб да освојува титули.

Беше и суспендиран поради физички напад, потоа и долго не играше, па од Башакшехир одлучија да му се заблагодарат. Сега Галатасарај му нуди на 33-годишниот играч да се врати во клубот каде што играше од 2005 до 2011 година, а треба да се потпише двегодишен договор за соработка.

Башакшехир и Галатасарај се од Истанбул, а заедно со Трабзонспор и Сиваспор се главните кандидати за шампион во сезонава што треба да се доигра.

Туран има 33 години и 100 настапи за Турција, на кои постигна 17 голови.

- Оглас -

Најнови вести