Го донесоа да биде резерва, а тој даде повеќе голови од Мане и Фирмино заедно

Ливерпул ја покажа целата сила и ја прегази Аталанта со 5:0 среде Бергамо, во меч кој се најавуваше како еден од најнеизвесните во ова коло. Сепак, Ливерпул ја потврди својата класа и едноставно го растури противникот, и тоа на гости.

Диого Жота е херојот на Ливерпул постигнувајќи хет-трик. Португалецот летово дојде на „Енфилд роуд“, и тоа за 45 милиони евра, од тимот на Вулверхемптон. Многумина мислеа дека таа сума е премногу за еден играч кој треба да биде замена за Мане или Фирмино во нападот, но се покажа нешто сосема спротивно.

Португалецот одлично го искористи отсуството на Фирмино и со игрите и погодоците кои ги даде се наметнува како сериозна опција да биде стартер во иднина. Жота со овие три гола против Аталанта, стигна до вкупно седум погодоци сезонава, откако претходно ги тресеше мрежите и на Митјиланд во ЛШ, како и на Вест хем, Арсенал и Шефилд во Премиер лигата.

Вкупно за 500 минути на теренот даде седум гола, што значи дека погодува речиси на секои 70 минути. Салах сезонава даде два гола повеќе од Жота, но за тоа на првата ѕвезда во тимот му беа потребни дури 460 минути повеќе одиграни на теренот.

Мане и Фирмино сезонава заедно постигнаа вкупно пет гола, односно два помалку отколку што даде Жота сам. Доколку тренерот Јирген Клоп ја следи формата на Португалецот кој беше доведен да биде резерва, во продолжение на сезоната многу реално е да го гледаме Жота многу почесто да биде стартер за англискиот гигант.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести