Го доведоа за да ги „тресе мрежите“, а тој изјави: Не е сè во головите

Феран Торес во зимскиот период потпиша за Барселона во трансфер од Манчестер сити вреден 50 милиони евра.

За младиот напаѓач ова е враќање во Шпанија, каде што под водство на Чави, Барса се обидува да се врати на старите патеки. Тимот во последно време игра навистина убав и допадлив фудбал, постигнувајќи многу погодоци.

Но, чуди изјавата на Торес, којшто игра на позицијата напаѓач, а главна цел му е да ги тресе противничките мрежи.

„Не е сè во давањето голови. Јас се обидувам да му помогнам на тимот како што можам, а тоа е со разигрување на соиграчите и асистирање. Јасно е дека треба и да постигнувам погодоци, но тоа не е примарна цел.

Јас сум смирен, тимот е на добар пат, а за тоа говорат и последните резултати. Реакцијата против Наполи, каде што заплакав на крајот, дојде спонтано и таа беше резултат од фрустрацијата дека промашив неколку навистина добри шанси. Сепак, на крајот кога ќе се види, добро одигравме против навистина квалитетен тим“, изјави Торес.

Младиот напаѓач досега одигра пет натпревари за каталонскиот великан, а чека на својот дебитантски погодок.

- Оглас -

Најнови вести