Мигел Афонсо наместо казна си доби еден вид награда со ангажман како нов тренер на женскиот клуб Фамаликао во Португалија, иако од конкурентскиот табор на Рио Аве имаше обвинувања за сексуално вознемирување.
Неколку фудбалерки на Рио Аве јавно објавија дека Афонсо им се наметнувал на непристоен начин, но и тоа не го запали алармот кај раководството на Фамаликао и тие одлучија да го ангажираат како нов тренер.
Várias jogadoras da equipa sénior de futebol feminino do Rio Ave denunciaram ao @Publico que foram vítimas de assédio sexual na época 2020/21 por parte do treinador Miguel Afonso, atualmente no Famalicão. pic.twitter.com/y2eL6bIsSr
— B24 (@B24PT) September 29, 2022
Афонсо беше тренер на женскиот клуб Рио Аве во сезоната 2020/21 и против него има сериозни обвинувања од дузина фудбалерки дека сексуално ги вознемирувал.
Откако беше избркан оттаму, неочекувано лесно најде нов ангажман во Фамаликао, клуб кој исто така е од Португалија.