Го имаме и првиот фудбалер кој прележа Коронавирус, а веќе даде и гол

Играчот за врска на Лајпциг, Марсел Сабицер е првиот фудбалер во Топ 5 лигите кои бил заразен со Коронавирусот, а потоа успеа да даде гол, тврдат реномираните тамошни медиуми „Билд“ и „Кикер“. Австрискиот репрезентативец и еден од физиотерапевтите на клубот биле првите кои биле дојагностицирани дека се заразени од Коронавирусот.

Оа Лајпциг не сакаат да потврдат кои се луѓето од нивниот клуб кои биле заразени од опасниот вирус, но информацијата вели дека на Сабицер пред еден и пол месец би тестиран и констатирано дека е позитивен на Коронавирусот. По 14-дневен карантин, Сабицер одлично ја поминал заразата, а потоа навреме ги започна и тренинзите со клубот, а вчера успеа да даде еден гол во убедливата победа на гости од 5:0 кај Мајнц.

Сабицер игра одлично сезонава и досега има 16 голови и девет асистенции во сите натпреварувања за Лајпциг.

- Оглас -

Најнови вести