Имаме велемајстор за ракомет – Прецизно погоди 7 играчи на голови за добивка од 218 илјади денари

Мајсторски одигран тикет само на индивидуални тотали на голови на 7 ракометари му донесе добивка од 218 илјади денари во бруто износ на обложувач со уплатен тикет во Скопје .

Тикетот е уплатен во објектот на Sport Life кај Млечен ресторан, а интересно е што добитникот велемајсторски ги „намирисал“ ракометарите што нема да ја минат поставената граница.

НА МУНДИЈАЛОТ И МИНУСОТ НОСИ ПЛУС, СИ ЌАРИ 3.000 ЕВРА, SPORT LIFE ГО ЗАЧИНИ ТИКЕТОТ СО 5 ПОСТО БОНУС

Одиграни се дури шест ракометари на минус голови, пет од нив со граница од 4.5 голови и еден со 3.5 погодоци.

Само Тунижанецот Мосбах Санаи е типуван на плус голови со граница од 2.5 и тој постигна точно 3, за ефектен добитен тикет од 3.000 евра нето, со уплата од 2.000 денари.

Sport Life на вкупниот коефициент додаде и 5 посто бонус, што е дополнителен ќар за сите ракометни тикети за време на Мундијалот во Египет.

КРАТКО И ЈАСНО, ЗА ЕДНО ПОЛУВРЕМЕ ДО ЕФЕКТНА ДОБИВКА ОД 291.000 ДЕНАРИ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Високите уплати носат и големи добивки, а во Гевгелија мајсторски одигран тикет со само три пара на популарната игра Гол-Гол прво полувреме, или ГГ1 му донесе на обложувач во Sport Life ќар од дури 291.000 денари во бруто износ.

Одиграни се натпреварите меѓу Сантош и Ботафого со коефициент од 5.45, дуелот во Белгија меѓу Сент Трајден и Уд Еверле со квота 4.00 и финалето од шпанскиот Суперкуп меѓу Барселона и Атлетик Билбао со коефициент од 4.45.

Среќата на добитникот со уплатен тикет од 3.000 денари во Гевгелија му се насмевна веќе на првиот меч одигран вчера меѓу Сантош и Ботафого од 20 часот.

Гостите постигнаа гол за израмнување на 1:1 во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме, или фудбалски кажано во последен момент.

Играчите на Сент Трајден и на Уд Еверле беа многу побрзи и поефектни, па за само 25. минути со головите на Сузуки и на Хенри стасаа до потребните 1:1 во првото полувреме.

Остана само уште последниот меч на тикетот со три пара, а тука имаше и нервоза и големо исчекување за топ-добивка од околу 4.000 евра нето износ.

Гризман со гол за Барселона во 40. минута даде надеж за остварување на големата добивка, а Оскар Де Маркос со погодок за Атлетик Билбао само 120 секунди подоцна приреди чудо и донесе голема радост во Гевгелија и топ-добивка од 291.000 денари во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести