Го интересира само Јувентус – Најдобриот стрелец на ЕП сака да игра за Старата дама уште две сезони

Кристијано Роналдо сака да остане во Јувентус најмалку до 2023 година, објави „Газета дело спорт“, и во моментов Португалецот е заинтересиран само за продолжување на договорот со Старата дама за уште една година.

Важечкиот му е до 2022 година и според него, заработува по 31 милиони евра годишно. Роналдо во преговорите кои се во тек со раководството на Јувентус бара преку неговиот менаџер Жорж Мендеш платата да му биде иста, а истакнал дека во таков случај сигурно останува во Торино.

Се шпекулираше дека ќе прифати една од двете понуди што ги има, од Пари Сен Жермен или од Манчестер јунајтед, но според „Газета дело спорт“, засега главна цел на Роналдо е да го продолжи договорот со Јувентус.

Роналдо засега е прв стрелец на Европското првенство со пет гола, колку што има и Чехот Патрик Шик, но Португалецот има една асистенција и би ја добил наградата за голгетер на турнирот ако остане непроменета ситуацијата.

За Јувентус одигра 133 натпревари и постигна 101 гол, што е извонреден учинок ако се знае дека Роналдо има 36 години. На ЕП со петтиот гол стигна до 109 погодоци со што го израмни и рекордот на Али Даеи, па му фали само уште еден прецизен удар за да биде најдобар на сите времиња кога се работи за голови во дресот на репрезентацијата.

 

- Оглас -

Најнови вести