Бугарија ја искористи предноста на домашниот терен, како еден од двата организатори на СП во одбојка, со Италија и со победа од 3:0 против Иран фати приклучок во битката за пласман во завршницата.
Почетокот на дербито и директниот дуел за второто место во Г групата им припадна на Бугарите, па првиот сет беше освоен со резултат 25:19.
Во продолжението следеше рововска битка за поени, а домаќините беа посмирени и попрецизни. Вториот сет го добија со 28:26, а завршниот со 26:24, за исклучително значајна победа од 3:0.
Бугарија сега е втора во Г групата со 12 бодови, пред Иран со 11 и Канада со 9. Првото место веќе го освои САД со шест победи и 16 бодови.