Приказна со среќен крај: Го исполни сонот, па реши да ја заврши кариерата

Алберто Чифуендес е голманот на Кадис кој имаше забележителен настап на стартот во Примера дивисион. Чуварот на мрежата има 41 година, а на дуелот против Уеска успеа да не прими гол. Чифуендес на тој меч стана најстариот дебитант во историјата на Примера дивисион во последните 85 години. 

По пет години поминати во Кадис и за време на паузата за репрезентативните дуели, Чифуендес реши дека е време да оди во пензија. Голманот, кој во петтата деценија дебитираше во шпанското првенство, едноставно го исполни сонот и ги „стави копачките на клин“.

 

- Оглас -

Најнови вести