Го истепа на тренинг, сега му е главен заштитник од навивачите (Видео)

Рахим Стерлинг застана во заштита на Џо Гомес и им објасни на навивачите на Англија дека тој е виновен за инцидентот на еден од последните тренинзи на репрезентацијата откако стоперот на Ливерпул беше пречекан со свирежи од трибините на вчерашниот меч меѓу Англија и Црна Гора.

Гомес влезе во игра во 70-тата минута, а чудно, симпатизерите на Гордиот Албион на храмот на фудбалот, на „Вембли“ со негодување го дочекаа стоперот на Ливерпул. Во тој момент Англија водеше со 6:0, па сосема неочекувано се слушаа свирежи од трибините каде што беа англиските навивачи.

https://twitter.com/niallmoran_/status/1195102498077495296?s=20

„Ми беше тешко да гледам како го исвиркуваат Гомес. Џо не направи ништо лошо и ова е погрешна реакција на навивачите. Јас бев виновен за инцидентот, па немаше потреба Џо да биде казнет со таков однос од нашите симпатизери“, објави Стерлинг на „Твитер“.

Играчот на Манчестер сити не играше против Црна Гора по казната што му ја изрече селекторот Герет Саутгејт, а причината е што Стерлинг се степа со Гомес на еден од последните тренизи пред мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести