Го исвиркуваа, а Суарес ги замолкна со гол (Видео)

Со голот на Луис Суарес во 12-тата минута, Барселона поведе на гостувањето кај Манчестер јунајтед. Стрелец на голот е некогашниот член на Ливерпул и еден од двајцата (заедно со Кутињо) кои се исвиркани од публиката.

По постигнувањето на голот, помошниот судија крена знаменце сигнализирајќи офсајд, но Џанлука Роки по прегледување на снимката, утврди дека голот е регуларен и дека Каталонците можеа да слават. Барселона никогаш не победила на „Театарот на соништата“ , но овојпат има старт од соништата. Барса одела понатаму во 79 проценти од елиминациските мечеви кога реваншот го играла дома.

https://www.dailymotion.com/video/x75ltls

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести