Го критикуваат и му се закануваат по живот, а тој е најхуманиот фудбалер во светот

Виктор Линделеф е далеку од најдобрите дефанзивци во Европа и светот, но тоа што го прави играчот на Манчестер јунајтед го прави еден од најголемите хуманитарци меѓу фудбалерите.

Иако тој добива голем број критики, па и закани по животот, тоа што тој го прави надвор од терените е за секоја пофалба.

Шведскиот репрезентативец донира 35 проценти од својата неделна плата во добротворни цели, а неговите примања воопшто не се мали (120 илјади евра неделно).

Веќе неколку години е УНИЦЕФ амбасадор и редовно гради засолништа за бездомниците во Англија и Шведска.

Минатата година во Шведска успеа да спаси стара жена којашто била нападната од страна на крадци, кои покрај нејзината чанта, сакале и да ја убијат. Со неговата брза реакција стоперот ги спречил и сега тие се во затвор.

Пред неколку дена тој имаше и болки во градите, по што мораше да биде заменет, но по последните испитувања откриено е дека тој нема никакви срцеви потешкотии.

- Оглас -

Најнови вести