Го начекаа градскиот ривал на колена – Џенова испадна по 15 години, славеа навивачите на Сампдорија (Видео)

Навивачите на Сампдорија вчера двојно прославија на улиците на Џенова, се радуваа на победата против Фиорентина од 4:1, а уште полудо беше што го славеа и неуспехот на лутиот градски ривал.

Џенова испадна од Серија А и по 15 години ќе игра во Втората италијанска лига, што беше и причина за навивачите на Сампдорија да го прослават неуспехот на големиот ривал.

Sampdoria fans celebrating Genoa’s relegation from soccer

Џенова е најстариот клуб во Италија, основан во 1893 година, a големиот ривалитет со Самдорија трае од 1946 година кога е формиран помладиот градски ривал.

 

- Оглас -

Најнови вести