Го надгласаа во финалето – Голем успех на Андреј Басаров, стана европски вицешампион без загубен поен

Андреј Басаров приреди уникатен подвиг и го освои сребрениот медал на младинското Европско првенство во Финска во карате во категоријата до 70 килограми, а на целиот турнир не загуби ниту еден поен.

Во финалето во неизвесен меч што заврши без поени, судиите со надгласување му дадоа предност, победа и златен медал на Нихад Каримадза од Азербејџан, а Басаров е еден од ретките во историјата на големите натпреварувања што завршил турнир без загубен поен, а не освоил злато.

И сребрениот медал има златен сјај, а на патот до финалето нашпиот млад каратист ги победи Гркот Пергантис со 2:0, потоа и Романецот Гулас со 3:0 и Дуглаѕе од Грузија со 1:0.

За влано медал не успеа да освои и Биљали во категоријата до 57 килограми и заврши на петтото место. Александар Неделковски и Данка Стојкова се пласираа на седмото место во своите категории.

 

- Оглас -

Најнови вести