Го најавуваа како наследник на Меси, а сега е пред излезна врата во Барселона

Лионел Меси во дресот на Барселона остави печат каков што нема оставено ниту еден друг фудбалер во историјата. Каталонците потајно се надеваа дека за скоро време ќе најдат наследник на Аргентинецот, а еден од оние во кои се веруваше беше Ансу Фати.

Фати дебитираше за првиот тим на Барселона само со 16 години и 298 дена. Само шест дена подоцна го постигна и првиот гол за каталонскиот гигант и стана најмладиот стрелец во историјата на клубот со 16 години и 304 дена. Уште неколку рекорди успеа да сруши Фати и тој делуваше дека е вистинскиот играч да го наследи Меси.

Сепак, во последните година и половина, Фати често беше повреден и потоа тешко му беше да се врати во посакуваниот ритам. Токму затоа, тренерот Чави Ернандес му соопштил на Фати дека не е во неговите планови за новата сезона.

Се шпекулира дека Барселона добила понуда од 50 милиони евра од англиски премиерлигаш за да го продаде Фати, но засега не се открива името на клубот. Фати во Барселона одигра 110 меча во кои постигна 29 гола, а има и 10 асистенции. Има само 20 години што значи дека уште има време да го покаже потенцијалот и талентот кој несомнено го поседува.

- Оглас -

Најнови вести