Го намести нишанот и одигра животна партија – Кари со 62 поени го потопи Портланд (видео)

Стефан Кари потсети дека никогаш не треба да се отпишува Голден стејт, иако екипата која ја одбележа втората половина од минатата деценија во изминатиов период го загуби чекорот со големите екипи.

Ѕвездата на Вориорс одигра животна партија и со сопствен рекорд од 62 поени го потопи Портланд во победата од 137:122. Кари буквално ја зеде работата во свои раце и беше незадржлив за можеби моментално најдобриот бек во лигата, Демиен Лилард.

Настапот кој вечно ќе го памети, Кари го круниса со осум погодени тројки, односно со шут 18/31 од игра и 18/19 слободни фрлања. Никој не можеше да му застане на патот, ниту Лилард на другата страна можеше да му парира на Кари со 32 поени.

ЛА клиперс го доби дуелот против Феникс со 112:107 и ги тргна Сонцињата од лидерската позиција на Западот по седум натпревари. Пол Џорџ со 39 поени ги предводеше Клиперси до петтиот триумф, за кого дуото Букер – Ејтон немаше одговор иако комбинираа 49 поени.

Останати резултати НБА:

Бруклин 122:123 Вашингтон, Мемфис 94:108 ЛА лејкерс, Минесота 109:124 Денвер, Сан Антонио 109:130 Јута, Чикаго 118:108 Далас.

- Оглас -

Најнови вести