Го нема Кристијано, ги нема и победите: Заврши серијата на Ал-Наср од шест победи по ред (Видео)

Екипата на Ал-Наср по шест победи по ред во првенството, не успеа да го победи аутсајдерот Ал-Хазем без Кристијано Роналдо во составот. Португалецот поради спорните гестикулации кон публиката, заработи суспензија од два натпревари, но се чинеше дека Ал-Наср и без него ќе дојде до победата.

Талиска постигна три погодоци, а Садио Мане беше прецизен од пенал, но и четирите погодоци не беа доволни за победа против претпоследната екипа на табелата. Бразилецот Рикардо во 100-тата минута, односно во 10-тата од судиското продолжение на мечот успеа да постигне погодок за 4-4.

Ал-Наср сега има шест поени помалку од Ал-Хилал, но и натпревар повеќе од најголемиот конкурент за титулата.

- Оглас -

Најнови вести