Атлетико Мадрид се разбуди пред полуфиналето со Арсенал во ЛШ

Атлетико Мадрид оствари тешка, но важна победа од 3-2 против Атлетик Билбао во натпревар од 32-то коло на Ла Лига.

Избраниците на Диего Симеоне мораа сериозно да се помачат за да стигнат до пресврт, и тоа само неколку дена пред првиот полуфинален меч во Лига на шампиони против Арсенал.

Гостите од Билбао подобро го отворија натпреварот и во 23-та минута поведоа по корнер, кога Аитор Паредес со удар со глава ја затресе мрежата на домаќините.

Сепак, Атлетико направи целосен пресврт во второто полувреме. Во 49-та минута Антоан Гризман погоди по одлична асистенција од левата страна, а само пет минути подоцна Александер Сорлот реализираше контранапад за 2-1.

Атлетик Билбао се обидуваше да се врати во натпреварот, но без поголема конкретност, додека Атлетико ја контролираше играта. Во судиското продолжение Сорлот повторно погоди за 3-1, а во последните моменти Горка Гурузета го постави конечниот резултат, 3-2.

Со оваа победа, Атлетико се наоѓа на четвртото место со 60 бодови, додека Атлетик Билбао останува на деветтата позиција со 41 бод.

- Оглас -

Најнови вести