Го памтите ли? Како изгледаше „најлудото“ финале во Купот на УЕФА? (Видео)

Ливерпул важи за клуб кој ги имал најдраматичните пресврти во историјата на Лигата на шампиони. Минатата сезона успеаа да победат со 4:0 и да ја анулираат негативата од три гола против Барселона за подоцна да станат европски прваци, а анталогиско е и финалето во елитната лига на УЕФА од 2005 година кога губеше со 3:0 против Милан, а на крајот стигна до трофејот.

Освен во Лигата на шампиони, Ливерпул има „луд“ меч за памтење и во Купот на УЕФА. Тоа се случи на денешен ден пред точно 19 години. Англискиот гигант играше во финалето на второто по вредност натпреварување на УЕФА, а противник беше шпански Алавес.

Ливерпул беше голем фаворит пред мечот, а така и започна на теренот. Англичаните брзо поведоа со 2:0, а на полувреме имаа предност од 3:1. Сепак, Алавес не се предаде, па за само пет минути во второто полувреме стигна до 3:3 во 50 минута. Роби Фаулер погоди за ново водство на Ливерпул во 72 минута, а Синот на легендарниот Јохан Кројф, Жорди погоди во 88 минута за 4:4.

Во таа сезона важеше правилото на „Златен гол“ во продолжението. Се играше 116 минута, кога Жели си даде автогол за Алавес и Ливерпул стигна до трофејот.

- Оглас -

Најнови вести