Го плаќаат еден тон пари, тој не знае против кого игра неговиот клуб

Хамес Родригес сака да го напушти Евертон уште ова лето, а трансферот може да се забрза по неговата изјава што ги иритираше навивачите.

Колумбиецот е еден од најплатените фудбалери на Евертон со годишна плата од 12 милиони евра, а на социјалните мрежи во еден од вообичаените настапи во живо не знаеше против кого играат популарните Карамели.

„Нема да играм викендов, а и не знам со кого игра Евертон. Можете ли да ми кажете кој е противникот? Мислам дека се игра на гости“, беше коментарот на Родригес, по кој имаше лавина од негативни коментари од навивачите на Евертон.

Потоа му објаснија дека Евертон ќе му гостува на Лидс, по што Родригес изјави дека ќе биде тежок меч, но и се надева на победа.

Колумбиецот не играше на премиерниот меч за Евертон во Премиерлигата, минатиот викенд кога беше победен Саутемптон со 3:1.

Моментно е повреден, но и сака да го напушти клубот, а по ваквата реакција и игнорантски однос веројатно тоа и ќе се случи наскоро.

 

- Оглас -

Најнови вести