Го победија Фенербахче на гости и направија фешта: Низ улиците славеа со песна и ора (Видео)

Екипата на Трабзонспорт вчера го направи едно од најголемите изненадувања откако славеше на гости во Истанбул против Фенербахче со 2:3. Овој триумф е на гостите од Трабзон е изненадувачки затоа што Фенербахче сезонава беше перфектен и имаше 19 победи во 19 натпревари кои ги одигра во сите натпреварувања.

Според формата во која беше Фенербахче, речиси сите очекуваа лесен триумф на домаќините, но Трабзон одигра перфектен еден час и водеше со 3:0 до 60 минута. Во последните 30 минути домаќините се „разбудија“ и се обидоа да направат пресврт, но не успеаа. Душан Тадиќ постигна два погодоци, но тоа беше само за пораз од 2:3.

Голема беше радоста на навивачите на Трабзон по оваа гостинска победа. Илјадници навивачи излегоа низ улиците на градот да прослават и тоа со песна и оро.

Трабзонспор со оваа победа стигна до 19 бодови и се искачи на петото место на табелата, додека Фенербахче го загуби челното место на табелата бидејќи остана на 30 бодови, а сега лидер е Галатасарај со 31 бодови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести