Го постигна голот на годината, но тоа не беше доволно за неговата селекција да оди во осминафинале (Видео)

Мексико славеше со 2:1 против Саудиска Арабија, но тоа не беше доволно да се пласира во осминафиналето. Мексиканците требаше да победат со три гола разлика, а во 52-рата минута имаа предност од 2:0, и тоа благодарение на спектакуларниот погодок на Чавез.

Со шут од слободен удар од над 30 метри, Чавез успеа да го матира голманот на Саудиска Арабија и му донесе голема радост на неговиот тим. Сепак, во последните минути, кога Мексиканците тргнаа со сите сили по решавачки трет погодок, примија гол и на крајот останаа без пласман во нокаут-фазата на СП во Катар.

Сепак, погодокот на Чавез останува главен фаворит за најдобар погодок на Мундијалот, а секако и еден од најдобрите во светот за 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести