Го потсетија Чоло на горчливата судбина на „Камп Ноу“, одговорот е: За се има првпат

Диего Симеоне беше потсетен од новинарите на лошатата традиција за него како кормилар на Атлетико Мадрид, пред утрешниот клучен меч веројатно и за титулата во Ла Лига против Барселона.

Популарниот Чоло како тренер на популарните Јорганџии никогаш не победил на „Кам Ноу“ против Барселона, што е многу незгодна традиција и за него и за лидерот во шпанското првенство.

„За се има првпат во животот, па така е и во фудбалот. Одиме на победа утре на Камп Ноу“, изјави Симеоне.

Серијата почна многу пред Симеоне да стане тренер на Атлетико, а трае веќе 20 меча по ред во сите натпреварувања. „Камп Ноу“ е неосвоив бастион за мадриѓани од февруари 2006 година кога славеа со 3:1 и оттогаш немаат победа.

Утре од 16.15 часот влогот ќе биде огромен и ако Атлетико успее да ја урне лошата традиција и победи ќе биде многу блиску до 11-та титула во Шпанија.

Моментно на 4 кола до крајот на шпанското првенство Атлетико Мадрид е прв на табелата со 76 бода, два повеќе од Барселона и Реал Мадрид и шест од Севилја, екипа која има само теоретски шанси за титулата.

Во ова коло во Ла Лига се погоди меѓусебе да играат водечките четири екипи, па покрај главното дерби на 35. рунда меѓу Барселона и Атлетико Мадрид што ќе се игра утре од 16.15 часот, ден подоцна од 21 часот Реал Мадрид ќе и биде домаќин на Севилја.

 

- Оглас -

Најнови вести