Го притиснаа шампионот – И премиерлигашите бараат казна за Манчестер сити

И премиерлигашите бараат казна за Манчестер сити, по таа на УЕФА што може да го исфрли шампионот на Англија од Лигата на шампионите во следните две изданија.

Англиските медиуми објавија дека и домашните ривали на Сити се за да се казни актуелниот првак, но тоа да не биде исфрлање од Премиер лигата.

Објаснувањето е дека, пред сè, со уривање на финансискиот ферплеј и со финасиските малверзации, Сити имал предност во однос на конкурентите во Премиер лигата.

Популарните Граѓани се казнети со двегодишна забрана за настап во Лигата на шампионите и со околу 30 милиони евра парично од УЕФА.

Најавија жалба до Арбитражниот суд за спорт во Лозана, а ако и таму се потврди казната, објавија дека ќе продолжат со битката на цивилен суд.

 

- Оглас -

Најнови вести