Го продаде Њукасл за 300 милиони фунти и му фрли око на еден од најстарите клубови во Англија

Мајк Ешли сака да се врати во англискиот фудбал, откако за 300 милиони фунти минатото лето го продаде Њукасл на богатите инвеститори од Саудиска Арабија.

Јавниот фонд за инвестиции, ПИФ, го купи прволигашот од Ешли за огромна сума на пари, а сега се најавува кам-бек на контроверзниот поранешен сопственик на Њукасл.

Ешли сака да го купи Дерби каунти, клуб кој е основан во 1884 година и е еден од најстарите клубови во Англија.

Понудата неофицијално според англиските медиуми е 50 милиони фунти.

Популарните Овни, чиј менаџер е Вејн Руни веќе подолго време мака мачат со финансиите и се под административна управа, а беа казнети сезонава со одземање на 21 бод и се последни во Чемпионшип лигата.

Дерби е еден од основачите на англиското првенство во 1888 година, заедно со уште 11 клуба и ужива огромно реноме во Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести