Квинси Промес доби дозвола од ракводството на Ајакс да им се приклучи на соиграчите на денешниот тренинг, откако беше затворен од холандските власти по инцидентот што се случи во јули годинава.
По разговорот со тренерот Тен Хаг и со легендите на клубот Ван дер Сар и Овермарс, кои имаат директорски функции во Ајакс, на репрезентативецот на Холандија му беше дозволено да тренира.
Quincy Promes back on the training pitch.#adoaja
— AFC Ajax (@AFCAjax) December 17, 2020
Промес беше во затвор и може да добие четиригодишна казна по инцидентот на семејната забава во јули годинава. Репрезентативецот на Холандија во расправија прободел со нож свој роднина, па беше изведен и пред суд, а мина неколку дена и зад решетки.
Играчот на Ајакс има 48 настапи за Холандија и се очекуваше да биде дел од холандската селекција за ЕП идната година.
Лалињата се во група со Македонија и со нив ќе играме во последниот меч од фазата по групи на 21 јуни во Амстердам.