Мајстор за асистенции – Потсети на легендарниот Тјери Анри, само Меси додава подобро од него (Видео)

Кевин Де Бројне ужива во асистенциите до соиграчите и откако игра во клубови од Топ-5 лигите има точно 100 асистенции во последните 8 години.

Од него подобар во Европа во тој период е само Лионел Меси со 112 прецизни додавања за гол до соиграчите од Барселона.

Белгиецот вечерва успеа да стаса до 20 асистенции во Премиерлигата за оваа сезона, со прецизно додавање до Рахим Стерлинг во победата од 5:0 против Норич, со што израмни рекорд старт 17 години.

https://twitter.com/LivePLgoals/status/1287427644737363969?s=20

Пред него последен со 20-ка точни додавања за гол во најсилната англиска лига имал Тјери Анри во сезоната 2002/2003 како играч на Арсенал.

Де Бројне ја почна професионалната кариера во белгиски Генк каде настапуваше од 2008 до 2012 година, а потоа редовно игра во Топ-5 лигите во Европа.

Настапуваше за Челзи од 2012 до 2014 година, но имаше само три настапи, па беше позајмен во Вердер и потоа продаден на Волфсбург каде го потврди раскошниот талент што го забележаа скаутите на Манчестер сити. Признанието за најдобар фудбалер на годината во Германија во 2015 година му донесе трансфер во редовите на англискиот првак.

Манчестер сити плати 58 милиони фунти за Де Бројне во август 2015 година и оттогаш Белгиецот игра за популарните Граѓани.

Да не се случеше принудната пауза сезонава, Кевин веројатно многу порано ќе се израмнеше иќе го минеше подвигот на Тјери Анри, односно ќе ги поместеше границите бидејќи до март броеше 16 асистенции. Во последните 10 натпревари намести само четири гола, доволно само да го израмни рекордот на Анри.

Претходно Сеск Фабрегас беше блиску до израмнување на рекордот на Анри, во шампионската сезоната 2014/15 со Челзи намести 19 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести