Го сакаа Сити и Барселона, а тој го одбра Интер

Еден од најголемите таленти на францускиот фудбал, 17-годишниот Лусиен Агуме, е нов играч на италијанскиот гигант Интер. Капитенот на кадетската репрезентација на Франција имал понуди од Манчестер сити и од Барселона, но тој сепак се реши да го одбере италијанскиот калчолигаш.

Сити и Барселона биле подготвени да му платат по шест милиони евра на Сошо за раскинување на договорот на тинејџерот, но откако и Интер понудил толку пари, одлуката била тој да се пресели во Милано.

„Точно е дека Барселона и уште неколку други клубови беа заинтересирани, но ние го одбравме Интер. Тој едноставно е луд по овој клуб“, неодамна изјави менаџерот на Агуме, Џибрил Нијанг.

Агуме, кој игра во средниот ред, со Интер потпиша договор до 2022 година.

https://youtu.be/VteOwvg3gL4

- Оглас -

Најнови вести