Го снимија Иско како го озборува Зидан (Видео)

Камерите на една шпанска телевизија снимија една интересна конверзација на Иско со колегите од Реал Мадрид кои беа на клупата за резерви пред почетокот на Ел Класико во Барселона. Иско не играше, веројатно и знаеше дека нема да добие шанса, па го озборуваше тренерот Зинедин Зидан.

„Ако ме менува, тоа го прави во 50-та или 60-та минута, некогаш и на полувреме. Ако треба да ме стави во игра, ме става во 80-та минута“, им се жалеше Иско на соиграчите.

Околу Иско кој се жалеше беа Модриќ, Јовиќ, Марсело, Лукас Васкес и Милитао. Некои од нив се смееја, а Јовиќ си гледаше во телефонот како ништо да не се случува.

Тоа што го кажа Иско е точно, но и кога Зидан му даваше шанса, не ја користеше, плејмејкерот е во најлоша форма од сите фудбалери кои го покриваат средниот ред на Реал.

https://www.youtube.com/watch?v=-PxxzaZifsI&feature=emb_title

- Оглас -

Најнови вести