18.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Го стави Попов на столбот на срамот, сега обвинува дека му организираат „Лов на вештерки“

Кајл Вокер не запира со глупости во услови кога во Англија сè уште е вистински хаос со пандемијата со корона-вирус, а бекот на Манчестер сити има неколку престапи.

Најпрво си организираше журка со проститутки во својот стан во услови на полициски час, а потоа замина на журка кај неговата сестра во Јоркшир. И не застана тука, па си ја продолжи низата возејќи велосипед исто така во забрането време за движење, а сите глупости што ги направи во кус рок ги зачини со уште еден престап, посетувајќи ги родителите во Шефилд.

И сега обвинува дека за него медиумите организираат „Лов на вештерки“ и го напаѓаат без причина.

„Доста молчев. Ова е лов на вештерки. Морав да одам кај мојата сестра и родителите, кои минуваат низ тежок период. Дали тоа е причина да го валкате моето име. Вирусот и карантинот влијаат на моето ментално здравје. Секој различно реагира во вакви моменти, но тоа не е причина да ми се уништува животот на ваков начин“, изјави Вокер.

Во февруари 2013 година, според зборовите на Горан Попов, Вокер го испровоцирал на мечот меѓу Вест Бромич албион и Тотенхем, клуб за кој тогаш играше англискиот репрезентативец, па поранешниот наш ас плукна во правец на ривалот.

Потоа Попов беше ставен на столбот на срамот во Англија и набрзо следната година ја заврши англиската авантура.

Според изјавата на нашиот поранешен репрезентативец, Вокер го навредил со зборовите „Ти си македонска пи*ка“, по што Попов плукна во правецот на ривалот и беше исклучен.

Сега, 7 години подоцна Вокер е под бараж од сериозни критики и е во фокусот во периодот кога не се игра фудбал и за малку повеќе од 50-тина дена успеа дури четирипати да биде фатен како не го почитува карантинот.

- Оглас -

Најнови вести