Го третираа како крал и успеаа: Ски-скокачот се разбуди од кома

Норвешкиот ски-скокач Даниел Андре Танде, кој е светски поединечен првак и олимписки тимски шампион во скијачки летови, по четири дена поминати во кома, денеска се разбуди, па дури и разговарал со неговата мајка и девојка. Танде имаше страшен пад на леталницата Планица во Словенија.

Уште во пробната серија Танде во лет загуби контрола и потоа падна на глава и повеќе од 100 метри се тркалаше до долниот дел од скокалницата. Лекарскиот тим веднаш реагираше и со помош на хеликоптер, Норвежанецот беше пренесен во болница во Љубљана.

По четири дена лекарсна грижа, Танде се разбуди, а од неговото семејство упатија огромна благодарност до лекарите во болницата, кои се грижеле за спортистот како да е крал.

- Оглас -

Најнови вести