Го удри Мхитарјан, па тргна да се пресметува со целиот тим на Рома (видео)

Рома го осигури првото место во групата А од Лигата на Европа, но играчите на Волчицата во победата од 3-1 над Јанг бојс посведочија на немил инцидент, во кој страдаше Хенрик Мхитарјан.

Мохамед Камара, играчот на гостите, во дуел да ја сочува топката, го удри Ерменцот со лакотот, по што овој заврши на земјата. Додека судијата истрча да му покаже црвен картон на Камара, овој се пушти да се пресметува со остантите домашни фудбалери, но, за среќа, страстите брзо се смирија.

- Оглас -

Најнови вести