Го удри противникот со топка по глава и доби исклучување (Видео)

Њујорк никс и Вашингтон визардс одиграа интересен подготвителен натпревар во претсезоната на НБА, славеа њујорчани со 104 – 99, но нивниот нов играч Маркус Морис направи несфатлив потег, поради кој доби исклучување.

Морис беше чуван од Џастин Андерсон и играчот на Никс кој ја имаше топката в раце, го удри чуварот со топката по глава и заслужено му беше покажан патот кон соблекувалната.

„Да беше официјален меч од регуларната сезона, немаше да го направам ова. Но, ние од Никс не прифаќаме некој да си поигрува со нас“ рече Морис по мечот.

- Оглас -

Најнови вести