Го урочија – Дибала објави дека има Коронавирус

Пауло Дибала и неговата девојка Оријана се позитивни на тестот за Коронавирус, објави одличниот офанзивец на својот Твитер профил.

Вакви информации имаше пред речиси една седмица, но тогаш играчот на Јувентус демантираше дека има Коронавирус.

„Сакам да ве информирам дека штотуку ги добивме резултатите од тестовите на Ковид-19. И мојот и на Оријана се позитивни. За среќа и двајцата сме во добра состојба. Ви благодарам за поддршката и ве поздравувам сите“, напиша Дибала.

Ова е трет случај во Јувентус, нивни фудбалер да е заразен со вирусот, по Даниеле Ругани и Блејз Матуиди. Проблем за Јувентус денеска е што и крилниот играч Даглас Коста си замина дома во Бразил, и стана петтиот играч што „побегна“ од изолација во Италија.

- Оглас -

Најнови вести