Го видовте ли Рибери? Има 36 години, а подобар беше од Роналдо!

Фиорентина вчера успеа да го сопре италијанскиот првак Јувентус и одигра 0:0 на свој терен, за голема радост и задоволство, посебно кај првиот човек на Виолетовите. Газдата на Фиорентина, Роко Комисо посебно беше воодушевен од новото засилување, Франк Рибери. Французинот дојде во Фиренца како слободен играч и одигра одличен меч.

„Многу сум среќен. Одигравме одлично, со срце. Дали го видовте што правеше Рибери со 36 години на теренот? Играше подобро од Роналдо! Одлични беа и Кастровили и Киеза. Јувентус има играчи кои вредат 300 милиони евра, а нашиот тим вреди 50 милиони евра. Тоа значи дека требаше да заубиме со 6:0, а ние извадивме бод“, вели еуфорично газдата на Фиорентина, Комисо.

По овој кикс кај Фиорентина, Јувентус го загуби првото место на табелата во Серија А и тоа за прв пат по 560 денови.

https://twitter.com/i/status/1172883299661996032

За Фиорентина ова беше прв бод во новото првенство, откако во првите две кола загубија од Наполи и Џенова. Во следното коло Фиорентина ќе гостува во Бергамо кај Аталанта.

 

- Оглас -

Најнови вести