Гобер даде кош за милион долари, но задоцни за миг (Видео)

Јута џез го доби дербито на Западната конференција против Денвер нагетс со 125:102, во меч во кој имаше дивовска битка на двајца одлични центри.

Руди Гобер постигна 18 поени и имаше 19 скока за Јута, ги погоди сите 7 удари од поле, а му беше поништен прекрасен кош од неговата половина на теренот.

https://twitter.com/NBA/status/1482897766527516674?s=20

Никола Јокиќ на спротивната страна повторно забележа трипл-дабл, ноќеска со 25 поени, 15 скока и 14 асистенции, што сепак беше недоволно за победа на Денвер.

Донован Мичел, олстар-бекот на Јута, беше најефикасен на мечот со 31 поен.

Резултати: Сакраменто – Хјустон 112:118, Денвер – Јута 102:125, Минесота – Голден стејт 119:99.  

- Оглас -

Најнови вести