Гобер: Ги изгубив чувствата за мирис и вкус

Центарот на Јута џез Руди Гобер, беше првиот играч од НБА лигата кај кого се појави вирусот Ковид-19, а потоа од него се зарази и неговиот соиграч Донован Мичел, како и еден член на Детроит пистонс.

Откако се утврди дека е позитивен на коронавирусот, НБА лигата веднаш реагираше и ја суспендира сезоната, а Гобер беше цел на критини поради што не ја сфати сериозно ситуацијата и на една прес-конференција дури се шегуваше на сметка на коронавирусот. Потоа неколкупати преку социјалните мрежи се извинуваше за неговото однесување, а овојпат ги сподели симптомите кои му се појавиле додека е во самоизолација и се лекува.

„Само да ве исвестам, губењето на чувствата за мирис и вкус дефинитивно се дел од симптомите. Веќе четири дена немам чувство за мирис“, напиша Гобер, па заврши со прашање дали и некој од останатите кои се заразени се соочуваат во истите симптоми.

- Оглас -

Најнови вести