Гогов бранеше импресивно за Вардар против Веспрем, ЕХФ го награди со место во Топ-5 (Видео)

Голаманот на Вардар, Васил Гогов, беше светла точка на двојниот европски првак во реванш-дуелот со Веспрем, што заврши со резултат 31:31, а една од неговите одбрани најде место и во Топ-5 изборот на ЕХФ.

Гогов бранеше извонредно во Унгарија и заслужено е меѓу петте голмани со најдобри одбрани во реванш-рундата од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Младиот голман на Вардар на импресивен начин му го одбрани ударот на Лекаи во второто полувреме и заслужено е на позицијата со број 4 во Топ-петте најдобри одбрани на реванш-осминафиналињата во Лигата на шампионите.

Одбраната на Гогов и сите останати голмани во Топ-5 можете да ги погледнете ОВДЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести