Ѓоко Зајков потпиша за познат украински клуб кој се бори за излез во Европа

Македонскиот репрезентативен фудбалер, дефанзивецот Ѓоко Зајков го напушти Левски и премина во украинската Ворскла Полтава. Договорот со петтопласираниот тим од украинската лига му е на 2,5 години.

Ворскла се бори за излез на европска сцена. Пред нив на табелата се само Шахтар, Динамо Киев, Днипро и Зорја.

„Ќе ми биде мило да му помогнам на мојот нов тим да ги постигне највисоките цели. Се надевам дека моите вештини и искуство ќе помогнат“, изјави 26-годишниот Зајков.
- Оглас -

Најнови вести