Ѓоковиќ 402 недели на врвот, лоши вести за нашите Ивановски и Ѓорческа

Бидејќи веќе не се играат турнири на највисоко ниво и најдобрите на светот одмораат пред да почнат подготовки за следната сезона, нема промени на врвот на светската ранг-листа на најдобри тенисери и тенисерки.

Кај мажите, број 1 е Новак Ѓоковиќ, кој вкупно 402 недели во кариерата е број 1, а бројката дополнително ќе се зголеми во следните неколку недели.

Што се однесува до македонските тенисери, Калин Ивановски има пад од четири позиции и сега е 309-ти на светот, а според калкулациите на АТП, Калин следниот понеделник ќе назадува уште 16 места.

Кај жените, Лина Ѓорческа има пад на ВТА-листата од 15 позиции и се наоѓа на 212-тото место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести