Ѓоковиќ апсолутен фаворит против Кирјос, но Србинот никогаш му нема освоено ниту еден сет на денешниот ривал

Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос попладнево ќе играат во финалето на најпрестижниот Гренд слем турнир, популарниот Вимблдон. Натпреварувањето кое го викаати неофицијално светско тениско првенство треба да покаже дали Ѓоковиќ по седми пат во кариерата ќе стигне до трофејот, или Кирјос ќе успее да го оствари детскиот сон и да триумфира на еденГренд слем турнири и тоа на Вимблдон.

Според коефициентите во обложувалниците, според искуството и бројот на освоени трофеи, Ѓоковиќ е голем фаворит. Србинот го имаше приматот на прв фаворит и пред почетокот на турнирот, но факт е дека во четвртфиналето и полуфиналето имаше потешкотии против Јаник Синер и Камерон Нори.

Кирјос е 40-ти на АТП листата и за него ова е најдобриот гренд слем турнир во кариерата. Австралискиот тенисер е осум години помлад од Ѓоковиќ, а освен младоста, на негова страна е и фактот дека е поодморен. Кирјос воопшто не мораше да игра полуфинале, откако Рафаел Надал поради повреда се повлече, па Ник имаше многу повеќе време за одмор и подготовки за финалето.

Делува помалку чудно, но на страна на Кирјос е и традицијата во меѓусебните дуели против Ѓоковиќ. Иако нема некоја голема историја на нивни дуели, зачудувачки е дека Србинот никогаш не само што не го победил Кирјос, туку не успеал да му освои ниту сет.

Нивните два меча се одиграни пред повеќе од пет години и тоа во рок од еден месец. Прво играа на турнирот во Акапулко на 3 март кога Кирјос победи со 7:6 и 7:5, а неполни две неделни потоа во Индијана, Австралијецот славеше со 6:4, 7:6. Според овие резултати, може да се рече дека има добра најава за епско финале со многу гејмови и можни пет сета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести