Ѓоковиќ без игра се врати на првото место – Петтиот гренслем стана „гробница“ за фаворитите, по Зверев, испадна и Медведев (Видео)

Гаел Монфис одигра фантастичен меч и со победа од 2:1 во сетови и пресврт го елиминира вториот фаворит, Данил Медведев, на мастерс турнирот во Индијан Велс.

Популарниот петти гренслем не им се погоди на фаворитите и по третиот носител Александер Зверев, кој испадна во второто коло со пораз од Томи Пол, сега и Медведев е елиминиран.

Најдоброрангираниот светски тенисер поведе со 1:0 во сетови откако беше подобар со 6:4 во гемови и потоа комплетно разочара.

Се разигра Монфис и со 6:3 брзо израмни на 1:1 во сетови. Почетокот на решавачкиот сет најави конечна елиминација на рускиот тенисер, а Монфис лесно го доби со 6:1 за победа од 2:1.

https://twitter.com/TennisTV/status/1503465530140856324?s=20&t=znt9mVxbRzX0D7Bod6WN-w

Со ова Новак Ѓоковиќ се враќа на првото место на АТП-листата од идната недела, иако не игра на Индијан Велс.

Противник на Монфис во четвртото коло на турнирот ќе му биде Шпанецот Карлос Алкарас, кој го декласира сонародникот Роберто Баутиста-Агут со 6:2, 6:0.

 

- Оглас -

Најнови вести