Ѓоковиќ: Добар сум, но уште не сум на 100 проценти

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, вечерва против Роберто Баутиста Агут го игра своето полуфинале на Мастерсот Синсинати, и ги успокојува своите поддржувачи дека проблемите со вратот кои ги имаше на почетокот на турнирот, полека ги снемува.

„Вратот не ми прави проблем. Уште не сум на 100%, но блиску сум до тоа. Секој ден можам да го движам вратот подобро, така што немам ама баш никакви проблеми. Вториот сервис ми се подобрува, тоа е добар знак“ – вели Србинот.

Светскиот рекет број 1 има серија од 21 победи по ред од почетокот на годинава. Полуфиналето на Синсинати му е 68-мо во кариерата, повеќе полуфиналиња на Мастерсите од него има само Рафаел Надал, 73.

- Оглас -

Најнови вести